Ракот на белите дробови може да се открие пред заболувањето со анализа на крвта

Студијата на францускиот професор од Универзитетската болница во Ница, Пол Хофман претставена во американската ревија „Плос Оне“, покажува дека е можно да се добијат четири години во борбата против ракот на белите дробови, односно четири години пред појавата на првите траги на сканер.

Односно со тест на крвта кај големите пушачи може да се открие заболувањето пред тоа да ги даде првите видливи симптоми, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Во сите случаи кога се најавуваат вести кои можат да предизвикаат голема надеж, треба да се биде претпазлив, но тоа што го обелодени професорот Пол Хофман отвора нови хоризонти во борбата против ракот и тоа е прво вакво научно искуство во светот.

Ова е резултат на научното испитување реализирано со јавни и приватни фондови меѓи Инсерм, Универизтетот од Ница и компанијата Рарсел Дијагностик, која го произведува тестот за крвта.

- Кога се дијагнистицира рак на белите дробови, во 85 проценти од случаите се наоѓаме во стадиум кога повеќе не може да се оперира. Овај напредок ќе дозволи да се оперира навреме, вели професорот Хофман, кој ја предводеше научната екипа.

Целта на испитувањето според неговото објаснување е да се развие тест за анализа на крвта кој е многу чувствителен, што дозволува да се направи дијагноза. Што според него е случај денес.

Научните испитувања траеле петнаесет години.

- Тестот е способен да ги открие ќелиите на туморот, кои се многу ретки во крвта, вели Патрициа Патерлини-Брешо, професор по клеточна биологија и онтологија на универизтетот Париз-Декарт. Имено таа беше на чело на екипата која го создаде фамозниот тест наречен „Исет“.

За студијата првите пациенти биле згрижени во 2008 година. Се работело со група од 245 лица, од кои 168 пушачи веќе погодени од хронична опструктивна белодробна болест, односно хронично запаление на белите дробови од кои се погодени бронхиите и најчесто како последица од тутунот. Сите учесници во студијата беа подложени на тест на крвта и класични испитувања со сканер или ренген. Благодарејќи на крвниот тест, канцерогените ќелии така нарчени „циркуланти“ биле откриени кај пет пациент (3 отсто).

Додека при класичните испитувања не се открило ништо. Кај овие пациенти, местото на туморот станало видливо четири години по дијагнозата со крвниот тест. Тие веднаш биле оперирани и анализата на ткивото потврдила дека станува за рак на белите дробови. Ракот на белите дробови е најсмртоносен во Франција, со просечно 15 проценти на преживување во период од пет години и од оваа болест годишно умираат 27 000 лица во Франција.

Тоа што е интерсно во студијата е лицата со рана дијазгноза на ракот благодарејќи на тестот и хируршкиот зафат, една година по операцијата немаат знаци дека болеста се вратила, односно остава надеж дека болеста била излечена.

Сепак, екипата на професорот Хофман е внимателна и најавува нови поголеми тестови на поголема група на пациенти, за да бидат сигурни во нивниот тест, за што се потребни уште неколку години.

01.11.2014 - 13:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега