Шкендија предадена на дисциплинска комисија за лоша организација за натпреварот со Металург

Комисијата за натпревари на денешниот состанок донесе заклучок за натпреварот меѓу Шкендија и Металург одигран на 29 октомври од 13.коло од Првата македонска фудбалска лига.

Клубот домаќин на натпреварот, односно Шкендија, се предава на дисциплинската комисија на ФФМ за слаба организација, недолично и неспортско однесување на навивачката група на Шкендија.

- Фудбалската федерација на Македонија категорично стои на ставот дека ќе се спротивстави на говорот на омраза и национализам, на вандализмот и нетолерантноста за што ќе бидат превземени сите мерки во насока на подобрување на фудбалскиот амбиент. Фудбалската федерација на Македонија со превземените активности пред натпреварите и со одлуките на надлежните комисии во федерацијата се надоврзува на платформата на УЕФА и ФИФА за почитување на играта во сите нејзини сегменти, стои во соопштението објавено на сајтот на ФФМ. 

31.10.2014 - 19:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега