Ова е најубавата вест што ќе ја прочитате денеска!

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. 

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од 11 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб, а на повисоките места умерен претежно северен ветер. 

Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до 12 степени. 

Во вториот дел од викендот се очекува повеќе сонце со мала локална облачност. Температурата на југот од државата ќе достигне до 18 степени. 

Во недела наутро на некои места температурите ќе бидат под нулата, но во следниот период се пчекува благо зголемување на утринските температури.

За следната недела Управата за хидрометеролошки работи најавува суво време со максимални температури во интервал од 11 до 17 степени.

 

31.10.2014 - 18:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега