Македонски репрезентативец: Слични сме со Ибра, Путин е почитуван во Македонија

Македонскиот напаѓач одигра шест меча за Крилја Советов во втората лига на Русија на кои постигна седум голови и е еден од најдобрите стрелци во ова натпреварување. Благодарејќи на неговите голови и одлични партии Крилја Советов бележи одлични резултати и се наоѓа на првото место на табелата со добри шанси за пласман во најдобрата руска лига.

Јаховиќ даде интервју за официјалната интернет страница на рускиот тим, а кое подоцна го превземаа повеќе руски медиуми. Во интервјуто тој зборуваше за кариерата, за Русија, Путин, за Македонија.

-Кога бев дете тренирав карате и кик-бокс. Читајќи списанија и гледајќи ТВ сфатив дека фудбалот е најпопуларен спорт и помислив дека можам да се обидам со тоа. Почнав да тренирам во Македонија Ѓорче Петров и добро ми одеше. Сепак, морав да се откажам од боречките вештини за да продолжам професионално со фудбалот. Можам да се споредам со Ибрахимовиќ бидејќи тој тренираше боречки вештини и фудбал истовремено. Сепак, фудбалот му стана професија, а каратето хоби. Јас морав да се откажам од каратето, вели Јаховиќ.

Тој воедно вели дека Русија како земја, но и Путин како прв човек на оваа држава се доста ценети во Македонија и луѓето имаат добро мислење. Јаховиќ го спомна Пандев и тоа дека тој заедно со Новески не играат повеќе за Македонија, иако потенцираше дека неколку пати се обидел да го разубеди нашиот најдобар фудбалер да се врати во националниот тим.

Како што самиот изјави неговата цел е да остави длабока трага во рускиот фудбал, а неговата желба е Серие А и се надева, односно убеден е дека еден ден ќе игра и во таа лига.

Целото интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК.

31.10.2014 - 14:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега