Џенифер Анистон ги шокирала сите
Таа важи за една од најубавите жени на светот и никој не ни помисли дека ќе бара помош од специјалист за љубовни врски.
Сепак, Џенифер Анистон ја ангажираше Сандра Хармон, специјалист за љубовни врски, која доби задача да му помогне на Џастин Тероу, свршеникот на Џенифер.
Џенифер Анистон и Џастин Тероу се свршени повеќе од две години, оттогаш во медиумите постојано циркулираат шпекулации во врска со датумот на нивната свадба.
Но на што можеби не го знаевте е дека Џастин има фобија од обврски и брак, па тука стапува специјалноста на Сандра.
Како што велат пријателите на актерката, таа се надева дека овие терапевтски сеанси ќе им помогнат да го надминат проблемот и наскоро да застанат пред олтарот.
Тероу зад себе има 14-годишна врска која не успеал да ја круниса со брак, иако честопати вели дека е нетрпелив да се венча со Анистон.
Дали ќе им помогне специјалистката за љубовни врски, останува да видиме.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа