ФОТО: Пратеничка му испрати СМС на премиерот- погледнете што му напиша
Репортерите на српскиот весник Блиц улови како пратеничка на владејачката Српска напредна партија му пишува порака на премиерот на земјата, Александар Вучиќ. На крајот од пораката пратеничката Билјана Илиќ Стошиќ му напишала „Ве банкуваме и ве сакаме, Вашата пратеничка“.
Пораката пратеничката ја испратила за време на седницата на општинскиот совет на Крагујевац на која се решавало за разрешување на градоначлникот Верољуб Стевановиќ – Верка.
Стошиќ не е член на советот на Крагујевац, туку на државното Собрание, а присствувала како член на Одборот за правосудство, државна и локална самоуправа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа