Ал Пачино не сакал да глуми во „Кум“?

 

Ал Пачино вели дека не сакал да го игра ликот на Мајкл Корлеоне во легендарниот „Кум“ и сметал дека режисерот Френсис Форд Копола е „малку луд“ што инсистирал на тоа тој да игра покрај Марлон Брандо.

Конкуренти на Пачино за улогата биле Џек Николсон, Роберт Редфорд и Ворен Бити, како и тогаш помалку познатиот Роберт де Ниро.

Актерот открива дека неговиот ангажман бил во спротивност од она што го сакале луѓето во „Ворнер Брос“, кои инсистирале неговиот лик да го глуми ѕвезда.

- Јас не сакав да глумам во „Кум“. Никој не ме сакаше, освен Копола, кој инсистираше, објаснува Пачино.

Копола го забележал Пачино во тетарска претстава „Дали тигарот носи вратоврска“, каде што глумел тинејџер-наркоман, за која улога тој добил награда „Тони“.

30.10.2014 - 09:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега