Скопје ќе се спаси од досадните комарци

На подрачјето на градот Скопје утрово во периодот од 5:30 до 8:00 часот беше извршена авионска аеросолна дезинсекција против возрасни комарци.

Аеросолно прскање против комарци ќе има и утре во истиот период.

Од Градот Скопје сооштија дека од 10 до 14 јуни во периодот од 1 до 5 часот по полноќ ќе се врши дезинсекција од земја (терестрична).

Оттаму додаваат дека доколку временските услови не го овозможат утрешното вршење на аеросолната дезинсекција, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Воедно, се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите