Јанкулоска до Жерновски: Занимавај се со твојата работа - ако знаеш нешто повели во полиција

 

Доколку градоначалникот на Центар Андреј Жерновски или кое било лице има некакви информации  за кои смета дека може да помогнат во расчистување на случајот, вратите на МВР и на надлжната Полициска станица во конкретниот случај ПС - Центар се отворени, му одговори министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на градоначалникот Андреј Жерновски кој упати обвинувања до МВР дека не доволно се залага за пронаоѓање на сторителите на нападот на општина Центар.

Таа уште еднаш го повика Жерновски доколку има информација да ја сподели со МВР бидејќи е во заеднички интерес и овој, како и кој било случај, да се затвори, како што беше направено по случајот по негова пријава, за грабеж во општина Центар.

МВР по однос на сите случаи, нагласи Јанкулоска, постапува максимално професионално и ги вложува целиот професионален клапацитет за расчистување на настанот и тогаш кога ќе има информации ќе ги сподели со јавноста.

- Градоначалникот Жерновски би било добро да се занимава со неговата работа, освен што се занимава со одржување прес-конференции без аргументи, рече министерката Јанкулоска по денешната промоција на Центарот за превенција за одржување работилници со граѓаните во скопската населба Маџари. 

Таа посочи дека е штета што Жерновски не присуствува на редовните координации што ги одржува МВР со градоначалниците на скопските општини. Жерновски, потенцира Јанкулоска, е единствениот градоначалник кој одбива да соработува, но е доста активен, подвлече, во држење прес-конференции.

29.10.2014 - 12:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега