Внимавајте - одрони на патиштата низ Македонија
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно наместа по влажни коловози.
Во клисурите и усеците се можни поситни одрони, особено на патните правци. Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес.
Поради изведување градежни работи на пат на патниот правец Прилеп-Градско (Р106), еден км пред тунел Фариш, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 200м. Поставена е соодветна светлосна сигнализација за регулирање на сообраќајот. Можни се кратки застои во одвивање на сообраќајот.
Се предупредуваат возачите да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот. На патниот правец Гостивар-Маврово во близина на Ново Село во тек е реконструкцуја на мост. На овој дел сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, регулиран со семафори.
На патниот правец Маврово- Дебар (Р409) кај Бошков мост сообраќајот се одвива по две коловозни ленти (каде е направен бајпас додека траат санациите на оштетената коловозна лента).
Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а на учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Поради оштетување на мостот број 9 на реката Вардар, патниот правец Неготино-Лакавица е забранет за секаков вид сообраќај.
Сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино-Криволак-Пепелиште но само за лесни возила. На патниот правец ДемирКапија- Удово завршени се градежните работи. Собраќајот се одвива нормално по двете коловозни ленти во двата правца.
Известување за движење на патниот правец Скопје-Македонски Брод преку н.п. Јасен, од 01.04.2013: Скопје-Македонски Брод од 06:30-09:00 и 16:00-18:00 часот / Македонски Брод-Скопје од 05:00-06:00 и 18:30-20:00 часот.