Се истакна сопругата на премиерот

Сопругата на хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, Сања Мусиќ Милановиќ која воедно е и директорка на Одделението за промоција на здравјето во Хрватскиот завод за јавно здравство, ја шокираше нацијата со својата изјава во емисија на хрватското радио на тема здрава исхрана.

Сања на граѓаните им порача кои намирници треба да бидат составен дел од нивната исхрана, го препорача и црниот леб, кој, како што рече, е малку поскап од белиот. Но, Милановиќ има решение и за тоа.

- Црниот леб е поскап, но вие може да го сечете на потенки кришки! Така е поефтино, но и поздраво- објасни Милановиќ.

29.10.2014 - 10:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега