ФОТО: Поради оваа фотографија Фејсбук го укина профилот на една мајка

Една мајка инспирирана од славната реклама за „Копертон“ во која имаше девојче и куче се одлучи да направи фотографија со својата 2 годишна ќерка и нејзината другарка.

Во славното рекламно видео кучето се обидува на девојчето да му го соблече долниот дел од костимот за капење, па така е и на спорната фотографија каде едно девојче му го прави истото на другото, при што на едното девојче му се гледа дел од задникот.

Со аргумент дека станува збор за порнографска содржина, корисници на Фејсбук ја пријавиле фотографијата, а мајката на девојчето доби 24 часовна забрана за користење на својот Фејсбук профил.

29.10.2014 - 10:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега