Скопје: „Летаат" казни за несовесни возачи

Вчера на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди од кои пет се со последица материјална штета и три со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко  моторно возило и еден пешак.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода. 

Во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 13 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, четворица возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, 29 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото, како и 54 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот на пешаци, а од нив на 46 пешаци покрај поканата за наплата на глобата издадена им е и покана за сообраќајна поука.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 39 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

29.10.2014 - 09:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега