Укинати санкциите против покојниот Слободан Милошевиќ

 

Европската унија денеска одлучи да ги укине санкциите кон покојниот југословенски и српски претседател Слободан Милошевиќ и луѓето поврзани со неговиот режим.

- Укинувањето на санкциите кон Милошевиќ и неговите соработници е поради сегашните односи меѓу ЕУ и Србија, изјави неименуван извор од Унијата.

Одлуката ќе стапи во сила в среда.

Милошевиќ беше обвинет од Хашкиот трибунал за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид. Тој почина во 2006 година, а судскиот процес против него не беше завршен

28.10.2014 - 13:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега