Колач со јаболка и мед

·  4 јајца

·  4 лажици шеќер

·  125мл. зејтин

·  125мл. млеко

·  2 јаболка

·  3 лажици мед

·  3 лажици брашно

·  4 лажици гриз

·  100гр. кокос

·  1 прашак за пециво

·  300гр. сецкани кори за баклава

·  малку цимет

·  шербет

·  500гр. шеќер

·  750мл. вода

Подготовка
На почеток ги матиме јајцата заедно со шеќерот. Во нив го додаваме зејтинот, медот и млекото мешаме со шпатула. Јаболката рендана ја додаваме во смесата. Сувите состојки ги мешаме и нив ги додаваме во смесата заедно со пецивото и сецканите кори. Целата смеса ја сипуваме во малата ростер тава. Печеме на 200степени триесетина минути.
Шербетот го вариме десетина минути и жежок го додаваме во ладното тесто. Сечеме коцки по желба и посипуваме со кокос.
Извор: Мои Рецепти

28.10.2014 - 13:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега