Трагедија го потресе светот- боксерка почина поради нокаут

Само два дена откако од Јужна Африка стигна веста дека е убиен нивниот фудбалски голман Сензо Мејива, во оваа земја се случи нова трагедија.

Финдли Мвеласе, 31-годишна боксерка од Јужна Африка почина по двонеделна кома, како последица од нокаут на еден меч во рамките од државниот шампионат.

Министерството на оваа земја ја потврди смртта на боксерката, додавајќи дека Мвеласе не можела да се опорави по нокаутот во рингот.

Инаку, ова е трета трагична вест од Јужна Африка која го потресува спортот. Пред неколку дена во сообраќајна несреќа загина Мбулени Мулаудзи, поранешен светски шампион и олимписки вицешампион на 800 метри, а пред два дена беше убиен голманот на фудбалската репрезентација на Јужна Африка Сензо Мејива.

28.10.2014 - 13:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега