Поради знамето на Косово, Николиќ откажа присуство на церемонија во Белгија

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ денес нема да учествува на церемонијата во Белгија по повод стогодишнината од Првата Светска војна.

Причината за неговата одлука била информацијата дека на собирот ќе биле истакнати и државните симболи на Косово.

Како што инфортмирале од прес-службата на кабинетот на српскиот претседател, патувањето во Белгија се откажало откако од организаторите добиле информација дека на церемонијата ќе биде подигнато и знамето на Косово.

Во соопштението на кабинетот било наведено: „Албанското малцинство на Косово не одиграло никаква улога во Првата светска војна,која би го прогласила за победник и би му овозможила да биде третирано исто како и Србија“.

Српскиот претседател присуствуваше на одбележувањето на стогодишнината од Првата светска војна на 4 август во Лиеж, каде беа истакнати знамињата на сите земји победнички во војната , но без знамето на Косово.

28.10.2014 - 10:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега