Новиот состав на бугарскиот Парламент положи заклетва

Пратениците избрани во составот на 43. Народно собрание на Бугарија денеска положија заклетва, потврдувајќи дека ќе ги почитуваат Уставот и законите и оти при своето работење ќе се раководат од интересите на народот.

При отварањето на конститутивната седница најстариот пратеник во Парламентот, Стефан Данаилов на шега изјави дека тој повторно е највозрасниот и оти има можност повторно да се обрати до пратениците со надеж дека овој паламентарен состав ќе биде подобар во извршувањето на задачите.

Според него, како што јави БТА, во Бугарија биле заспоставени принципите на демократија и затоа треба итно да бидат преземени мерки за национален спас. 

27.10.2014 - 14:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега