Крадец се обидел да го ограби станот на Емир Кустурица

Познатиот режисер Емир Кустурица и неговата сопруга Маја доживеале голема непријатност кога во петок во нивniot  стан, што се наоѓа на седмиот спрат во  центарot на Белград, провалил непознат насилник.

„Се извлеков и од потешки го*на, ќе се извлечам и од овие", изјавил Емир Кустурица.

Во моментот кога драмата се случувала режисерот бил на Мокра гора, па провалникот го затекнала неговата сопруга Маја.

Непознато момче истиот момент истрчало на тераса и избегало на покрив.

Славниот режисер во моментот снима филм на Мокра гора, поради што и не бил присутен кога непознато лице ја обило вратата од неговиот дом, за среќа, неговата жена стасала на време да го спречи провалникот во неговата намера.

Кога го здогледала крадецот, веднаш повикала полиција, која стасала во рок од неколку минути, при што е направен и извештај на самото место.

27.10.2014 - 14:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега