Си го убил најдобриот другар со пиштол - тинејџерска трагедија во Лесковац

Вистинска трагедија утрово ги вознемири жителите на Лесковац, Србија. 17 годишен тинејџер со истрел од пиштол си го убил најдобриот другар во неговата семејна куќа. Како дошло до убиството се уште не е познато, но полицијата во куќата, каде што вечерта имало забава пронашла два пиштоли. Се шпекулиа дека убиениот се обидел да побегне од прозорот по што бил погоден со еден куршум во стомакот.
Родителите на убиеното 18 годишно момче велат дека повеќе од час и половина чекале да дојде брза помош, што според неив е клучно што нивниот син искрварил до мсрт. 18 годишното момче било префрлено во болницата во Лесковац но таму им подлегнало на повредите.

Убиениот Тимотије Коциќ
Убиецот и од порано и бил познат на полицијата.  Против него се воделе постапки и за други дела поврзани со насилство поради што судија за малолетници се очекува да му одреди притвор.

 

26.10.2014 - 22:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега