Ако сте депресивни слушајте ја „Bohemian Rhapsody“ од Queen

 

Познатиот хит „Bohemian Rhapsody“ на групата Квин дејствува како вистински лек кој им помага на болните, посебно на оние кои страдаат од депресија, покажа истражувањето кое за Би-Би-Си го спроведе агенцијата КомРес.

Во рамките на анкетата, на испитаниците им биле понудени 10 композиции за кои е утврдено дека го креваат расположението.

На второ место е песната „Dancing Queen“ на шведската група АББА, а на трето неодамнешниот мега хит „Happy“ на Фарел Вилијамс. Тука се уште и песни од Боб Марли, Роби Вилијамс и Мајкл Џексон, како и дела од класичната музика, за кои најчесто се определувале постарите од 65 години.

Повеќе од две третини од анкетираните рекле дека сакаат да слушаат музика кога не се чувствуваат добро. Вкупно 81 процент од нив сметаат дека музиката може да направи луѓето да се чувствуваат подобро кога се болни или кога минуваат низ тежок период.

 „Bohemian Rhapsody“ е на албумот „A Night at the Opera“ издаден пред 40 години. Долга речиси шест минути, оваа песна беше на прво место на британската листа на хитови во два наврати: Кога е објавена во 1975 година и по смртта на пејачот Фреди Меркјури во 1991 година.

26.10.2014 - 12:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега