Бошњаци, Срби и Турци се дел од Косовските безбедносни сили

 

Повеќе од 200 кандидати се пријавиле на повикот за млади регрути објавен на почетокот на април.

- Од 224 кандидати, 65 се Бошњаци, 54 Срби и 36 Турци. Загарантирана им е плата, а исто така и можност да напредуваат во кариерата. Да се биде дел од овие структури кои даваат безбедност на земјата, се  доволни мотиви да се биде нивни активен член, изјави портпаролот на Министерството за безбедносни сили на Косово, Ибрахим Шаља.

Во 2009 година во согласност со планот на Марти Ахтисари беше овозможено формирањето на безбедносните сили на Косово. Тие се составени од 2.500 активни членови од сите етнички заедници, како и од 800 резервисти. Со априлското регрутирање застапеноста на припадниците на малцинските етнички заедници во безбедносните сили достигна околу 10 отсто.

Според Флорин Ќехаја, застапеноста на припадниците на другите етнички заедници во безбедносните структури е на задоволително ниво, освен на српската, иако косовскиот министер за одбрана Агим Чеку имаше низа средби со млади Срби за да ги поттикне да се интегрираат во силите за безбедност во што поголем број.

најчитано сега