Жерновски попушти - седницата одложена протестите исто така

Градоначлникот на општина Центар Андреј Жерновски попушти пред упорните граѓани кои повеќе од 8 часа протиестираат против одлуката да се менува деталниот урбанистчки план во општина Центар. Седницата на која требаше да се разгледа оваа точка е одложена и се уште не се знае кога повторно ќе се одржи. Ваквата одлука на Советот на општина Центар, граѓаните кои протестираа ја дочекаа со аплауз. По повеќе од 8 часа протести, тензиите пред општина Центар конечно завршија. Граѓаните велат дека повторно ќе се вратат пред општината кога ќе се одржи седницата

најчитано сега