МВР: Немаме основа да забраниме граѓаните да го искажат својот револт

Министерството за внатрешни работи нема основа да им забрани на граѓаните да го искажуваат својот револт заради најавите за уривање на црквата Свети Константин и Елена.

МВР имало и ќе има еднаков и неселективен пристап кон сите поединци и институции во државата и максимално коректно и професионално во сите случаи се ангажира во рамки на своите законски ингеренции.

 

Впрочем, тоа го знае и градоначалникот и неговите блиски, а сега функционери во општината, кои како тогашни новинари во А1 он или во својство на заинтересирани граѓани, на 12.12.2012 година се обидуваа да упаднат на седницата на Советот на општината, обвинувајќи ги полициските службеници дека тие немаат право да им забранат присуство.

Интегрален текст од реакција од МВР.

најчитано сега