Заврши вежбата „Здружен отпор 13“ - учесниците добија сертификати
Со врачување сертификати на сите учесници денеска во Центарот за обука „Пепелиште“ беше одржана церемонија за затворање на меѓународната вежба „Здружен отпор 13“.
На церемонијата се обрати заменик началникот на Штабот на Здружената оперативна команда, полковник Сретан Димитриевски, кој потенцира дека подготовка и реализација на вежба од овој карактер е одлична прилика за обука и извежбување на нашите способности и вештини во координација со различни земји и институции при справувањето со кризни состојби предизвикани од природните катастрофи.
Потполковник Мајкл Мувс, како претставник од Командата на силите на САД во Европа, во своето обраќање се заблагодари за дадената можност армијата на САД да учествува во вежбата „Здружен отпор 13“. Тој нагласи дека таа претставува голем чекор кон остварувањето на заедничката цел, а тоа е намалување на страдањата на луѓето предизвикани од природните катастрофи.
Кодиректорот на вежбата, полковник Душан Стојановиќ ја потенцира професионалноста и крајно совесно завршената работа на сите учесници на вежбата, потенцирајќи ја нивната здруженост како во текот на подготовките така и при реализација на самата вежба. Тој, исто така, ја нагласи важноста за помошта од Командата на силите на САД во Европа при реализација на овој заеднички проект.
ФОТО: Сител