Љубчо Георгиевски: Не ја делев Македонија со Ахмети
Откако лидерот на ДУИ Али Ахмети рече дека за време на вооружениот конфликт во 2001 година тогашниот премиер Љубчо Георгиевски му бил понуден план за поделба на Македонија, со реакција излезе Георгиевски, сегашен претседател на ВМРО-Народна партија. Тој вели дека со Ахмети првпат разменил збор-два на десетгодишнината од Рамковниот договор, а за неговата тогашна идеја, Ахмети се информирал од медиумите или од другите учесници во преговорите за Рамковниот.
„Со Али Ахмети првпат имам разменето неколку збора на 10-годишнината од одбележувањето на Рамковниот договор. Значи од тие причини не сум можел ништо директно да разговарам со него во десетте години пред тој настан. Што се однесува до неговото видување на идејата за трампа на територии и население, претпоставувам тој можел да се информира од други учесници во преговорите околу Охридскиот рамковен договор или пак од медиумите затоа што, за истата тема тогаш доста се зборуваше и пишуваше во македонските медиуми", се вели во соопштението од Љубчо Георгиевски
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа