Ќерката на Витни Хјустон исфрлена на улица

 

20 годишната Боби Кристина Браун, ќерка на покојната дива Витни Хјустон неодамна била исфрлена од својот стан заедно со вереникот.

Парот бил исфрлен поради соседите кои често се жалеле дека не можат да ја поднесат вревата која постојано доаѓа од нивниот апартман.

- Ви благодарам што тешката година ми ја направивте уште потешка. Вие сте бедници и такви ќе останете. Требаше да бидете почестени што живееме над вашиот стан, но вие не можевте да поднесете една млада, убава двојка и секако многу поуспешна од вас, изјавила ќерката на Витни за своите соседи.

 

најчитано сега