ВИДЕО: Заев се оградува од коалицијата во Струга и Кичево - „На СДСМ не му прилега патритизам“

Во своето гостување во емисијата „Патот кон...“ на Алсат телевизија, новиот лидер на Социјалдемкратскиот сојуз Зоран Заев, истакна дека на опозициската партија патриотизмот не и прилега.

Заев, уште во првите неколку денови откако беше избран за лидер, ги напушта претходно договорените позиции и се оградува од коалицијата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Струга и Кичево.

Според новиот лидер на СДСМ, политиката на патриотизам која ја играла партијата, била грешка.

-Се обидовме неколку пати да играме на политики на патриотизам како партија на која не и приличи таа политика. И тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме за да бараме шанса за во иднина да не правиме вакви грешки. Од нас народот не очекува да изиграваме патриоти, ние сме државотворна партија, ние сме партија која што беше пример за мултиетничкиот соживот, ние сме партија која ја стави на стабилни нозе оваа наша земја. Така да, обидувајќи се да ќариме поени кај граѓаните играјќи на патриотски варијанти, ќе набројам неколку, законот за бранители, Струга, Кичево, не ни приличат на нас социјалдемократите. Луѓето очекуваат ние да бидеме кохезивниот сплотувачки фактор, вели Заев.

најчитано сега