РК Вардар ќе го одигра и третиот натпревар за само шест дена

 

Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар утре ќе го одигра дербито на колото од СЕХА лигата против Татран Прешов. Ова ќе биде трет натпревар за „црвено-црните“ во само шест дена.

Згуснатиот распоред ги измори вардарци, но по утрешниот дуел ќе имаат повеќе време за одмор поради едномесечната пауза за репрезентативни настапи.

Тренерот Раул Гонзалес посакува уште една победа и успешно завршување на првата фаза од полусезната.

- Играме со силна екипа која располага со цврста одбрана и добри шутери. Малку сме уморни, но бодовите ни се важни за останување на врвот. По денешниот тренинг ќе знам како се чувствуваат играчите, дали има некои да се жали на болки и евентуални повреди и од тоа ќе зависи составот, рече Гонзалес на денешната прес-конференција.

Тежок меч очекува и левиот бек Филип Лазаров.

- Татран е претендент за „фајнл фор“ во СЕХА лигата. Цврста екипа се и знаат да изненадат. Нема да биде лесно. Имаат квалитетен состав и затоа треба максимално да го одработиме тој натпревар за да забележиме победа, потенцира Филип Лазаров.

Натпреварот Вардар – Татран Прешов ќе се одигра утревечер од 20 часот и 15 минути во СЦ „Јане Сандански“. 

23.10.2014 - 14:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега