Почнаа да се разменуваат тупаници пред општина Центар - контрапротести за поддршка на градоначалникот

 

Илјадници граѓани кои протестираат против уривањето нацрквата Свети Константин и Елена попладнево се судрија пред баркаите на општина Центар. Како што јава Канал5 тие си размениле ипо некоја тупаница, но за среќа, нема сериозно повредени. Групата граѓани од кои дел и вработени во општина Центар, им бараа лични карти на демонстрантите обвинувајќи дека воопшто не живеат во Центар и оттаму немаат право да протестираат. ТИе пак одговорија дека црквата се гради за сите скопјани и Македонци и дека поради тоа дошле да ги поддржат протестите.

Во општина Центар денеска треба да се гласаат измените во урбанистичкиот план. 

Распоредот на советници во советот на општина Центар е 12 –советници на СДСМ наспроти  11 на ВМРО ДПМНЕ.

најчитано сега