Червар и наредната година ќе управува со кормилото на Металург

Лино Червар и следната година ќе седне на клупата на тимот на Автокоманда.

Имено, како што пренесува Македонски спорт, Лино Червар го продолжи договорот со Металург.

- Металург мора да оди напред. Ќе граби следната сезона кон нова титула. Ние почнавме еден проект, кој никој не смее да го запре. Ќе има промени во екипата, ќе бидат вклучени млади сили, ќе работат проверените играчи, но Металург мора да остане на патеките по кои чекори сега и следната сезона треба да ја врати шампионската титула во своите витрини, изјави Червар по завршувањето на финалните преговори со Јорданов.

Извор: Македонски спорт 

ФОТО: Дневник

најчитано сега