Рада Манојловиќ објави тажна вест за фановите

Фолк пејачката Рада Манојловиќ има тажна вест за своите фанови која ја објави на својот Фејсбук профил.

- Пред се, вие знаете дека јас никогаш не сум откажала настап, без разлика колку здравјето ми било лошо. Често ги игнорирав советите на докторите, па многу пати пеев настината, со температура и кога сум се чуствувала лошо и исцрпено... Дури сум пеела и со укочен грб, во патики, со големи болки, иако докторите тоа ми го забраниле. Многу пати свесно одев против своето здравје, со желба да не изневеран никој од вас, кои ме чекате секој пат во некој друг град, дискотека. За жал, сега поради проблемот со грлото кој го имам веќе два месеци, од кој никако неможам да се опоравам бидејќи константно работам (но и поради предупредувањето од докторот дека ми е неопходен одмор од месец дена, за грлото да ми се одмори и врати во форма), приморана сум да ги откажам сите настапи во ноември. Со самото тоа, ќе ја поместам и премиерата на новиот албум, бидејќи не сакам тоа да биде направено набрзина. Вие не заслужувате такво нешто, туку само најдоброто, и јас сакам тоа да ви го пружам. Однапред ви благодарам за разбирањето и трпението, тука сепак се работи за здравје, мора малку да мислам на себе, немојте да ми замерувате и знам дека ќе ме разберете... истакна пејачката.

 

 

23.10.2014 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега