Август создаден за свадби - април погоден за разводи во Македонија

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2012 година, во споредба со претходната година, е намален за 5.1% и изнесува 13 991 брак.

Најмногу бракови во текот на годината се склучени во август, 11.8%, а најмалку во март 5.2%. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.6% за жените и 90.6% за мажите. Во втор брак, со учество од 8.7%, и во трет брак, со учество 0.8%, во вкупниот број на склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Просечната возраст при склучување на прв брак е 25.6 години за невестата и 28.4 години за младоженецот.

Бројот на разводи во 2012 година бележи зголемување од 9.9% во споредба со 2011 година и изнесува 1 926 разведени бракови. Најмалку бракови во текот на годината се разведени во август 3.2%, а најмногу во април 10.7%.

Според возраста на сопругата, најголем број на разводи, 20.9%, се случиле во возрасната група од 30 до 34 години, a за сопругот, во истата возрасна група, но со учество од 18.9%.

најчитано сега