Почина претепаниот студент од Париз
Студентот кој во Париз беше нападнат од страна на припадници на крајнодесничарската група, денеска почина во болница.
Се работи за Клеман Нерик кој се наоѓаше во безнадежна состојба во болница во Франција.
Четири лица се оставени во притвор за нападот на младото момче.