Невремето стигна и во Австрија - ветерот корнел кровови

Невремето Гонзало стигна синоќа во Австрија со брзина на ветерот до 150 км на час. Во покраината Корушка околу осум илјади домаќинства останаа без струја поради тоа што дрвјата паднаа на далекуводите.

Во покраината Штајерска ветерот откорнувал кровови, но и таму околу 1500 домаќинства останале без струја.Во Виена невремето однесе повеќе кровови и скрши дрвја, а пожарникарите поради силниот ветер имале 100 дополнителни интервенции.

22.10.2014 - 15:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега