Тито Петковски лидер на ново опозициско движење - Јани Макрадули генерален секретар?

Политичките амбиции на Тито Петковски најверојатно ја упропастија идејата за здружувањ на опозициските партии во едно движење. Патиски извори за Press24 откриваат дека идејата е пред колапс бидјеќи Петковски учеството на НСДП во движењето го условувал со лидерската позиција. Токму првиот човек на новите социјалдемократи барал тој да биде лидер на движењето, позиција која направила вистински земјотрес на Бихаќка. Нашите извори од СДСМ велат дека Петковски воопшто не е омилен меѓу членството на СДСМ, напротив, тие во него гледаат истрошен транзициски политичар кој во неколку наврати им заби нож во грбот. За потсетување, токму Петковски заедно со дел од членството си замина од Бихаќка и ја формираше својата партија, а беше и клучен фактор во падот на СДСМ, кога се реши, да замине во коалиција со Груевски.
Дека кадровската селекција традиционално прави проблеми на Бихаќка покажува и изборот на местото Генерален секретар на новото опозициски движење. За оваа позиција, со силен поттик на Црвенковски, нашите извори велат дека се подготвувал Јани Макрадули, решение со кое Заев никако не можел да се согласи. Ставот на Заев предизвикал и анимозитети во релациите со Шеќеринска која имајќи ги предвид семејните релации со Макрадули, застанала зад него.
За да се спречи продлабочување на кризата која и онака е се поизразена како што се наближува 10 ноември, последниот рок за враќање на пратениците во Собранието, Заев пресекол дека од ново опозициско движење, сега засега, нема да има ништо.
Ваквите информации ги потврдија и самите лидери на двете партии кои за медиумите кои се урдуваат на Бихаќка изјавија дека „се уште не е време“ за ваква политчка формација.

22.10.2014 - 12:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега