ВНИМАВАЈТЕ: Полицијата демне - пајакот прави „парче"

Во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се пет возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 32 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 11 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, четворица возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 17 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 43 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.


22.10.2014 - 09:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа