ФОТО: Поштарот барем носи пошта, но што прави Марио Балотели?

Марио Балотели неодамна изјави дека слави кога постигнува голови, бидејќи ниту поштарот не се радува кога испорачува пошта, алудирајќи дека тоа е неговата задача како напаѓач.

Сепак, поради неговата неефикасна игра во дресот на Ливерпул, на навивачите не им требаше многу време да му одговорат.

Некој се сетил на добра шега и напишал:

-Поштарот барем испорачува пошта...

Инаку, Марио Балотели на шест настапи во Премиер лигата нема постигнато ниту еден гол. Единствениот погодок кој го постигнал во дресот на англискиот тим е оној против Лудогорец во Лигата на шампионите во победата од 2:1

21.10.2014 - 18:33


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега