Твитерџиите удрија по Елена: Не е позната дури и кога глуми дека е

Елена Ристеска уште еднаш покажа дека може да се носи со секоја улога. Таа во второто издание од шоуто "Твоето лице звучи познато" ја имитираше Бритни Спирс, а дека одлично се снајде, потврди и жирито кое и честиташе за спектакуларниот настап и кореографијата што беше зачинета и со вистинска змија која пејачката ја носеше околу вратот, пишува Вечер.

"Баш си убава. Но, што би се случило ако јас тебе ти дојдам така на маса и почнам да те "млатам" со мојот питон", рече Иван Ивановиќ кој се пошегува на сметка на Елена откако таа му пријде со змијата.

Единствената Македонка во шоуто е презадоволна од тоа што го покажа.

"Многу полесна ми беше имитацијата на Северина. Во тој настап немаше многу кореографија. Сепак, ова со Бритни си го сфатив многу сериозно и дадов се од себе за настапот да изгледа, така како што изгледаше. Јас сум голем професионалец и би направила се што треба да се направи на сцена, се со цел шоуто да изгледа погламурозно и поинтересно", откри пејачката.

Веќе следната недела ќе треба да се внесе во улогата на Нина Бадриќ. Победничка во втората епизода беше 16-годишната Катарина Богичевиќ, која ја имитираше Витни Хјустон.

Што се коментираше?

Твитерџиите и овојпат беа креативни и не ги поштедија учесниците во шоуто од коментари. Еве дел од постовите на Борис Триван, или попознат во јавноста како творец на он-лајн ликот на Покојна Милева...

"Оваа Елена Ристеска не е позната ни кога глуми дека е позната"...
"Тања Савиќ каде тргна без трудничко стомаче? Цеца беше бремена кога ја пееше оваа песна"...
"Кеба, брате, очаен си"...
"Овој Ненад изгледа како Мирна Радуловиќ да се маскирала во Лоша. Тој засекогаш ќе биде Мирна"...
"Драг Иване. Ова не личи на ништо, а камо ли на Индекси"...

 

 

20.10.2014 - 23:22


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега