Последен училишен ден за основците и средношколците

 

Денеска е последен училишен ден за најголем дел од основците и средношколците.

Учебната 2012/2013 година официјално завршува во понеделник, 10 јуни, за кога е предвидено последното екстерно тестирање.

Екстерното оценување на знаењата на учениците, кое годинава се спроведува прв пат, беше обврска за сите основци и средношколци, освен за матурантите. Тие утре и на 11 јуни полагаат државна матура.

Уписите на високообразовните установи и годинава ќе бидат во август.

најчитано сега