Откриена причината за масакрот во Велика Иванча
Богдановиќ се сомневал дека синот Бранко Богдановиќ всушност не е негов биолошки син. Српската полицијата дошла до ваков заклучок откако ја сослушала сопругата на Љубиша, која е единствената личност која го преживеа масакрот.
- „Богдановиќ веќе одредено време се сомневал дека неговиот син Бранко не е негов. Кој го разбудил тој сомнеж кај него сè уште е непознато. Она што го знаеме е тоа дека тој се расправал со својата сопруга поради тоа. Никој со сигурност не може да каже што се случувало во неговата глава, но судејќи според досегашните истражувања, овие сомнежи кај него станувале сè поголеми, па затоа и се решил да го направи масакрот“, се вели во соопштението на полицијата.
Инаку, во крвавиот масакр во Велика Иванча, Богдановиќ усмрти 13 лица, меѓу кои и двегодишно дете.