По серијата деманти Заев и Петковски конечно признаа: Press24 имаше точни информации

 

Иако првично демантираа, Заев и Петковски конечно признаа дека имало обид за претопување на НСДП во редовите на СДСМ. По серијата текстови кои ги објави Press24 повикувајќи се на доверливи извори на Бихаќка, и медиумите под финансиска и уредувачка контрола на СОРОС како и лидерите на најголемите партии во опозицискиот блок конечно потврдија дека Press24 имеш точни информации.
Во изјава за Фокус и Петковски и Заев велат дека е направен обид да се спојат партиите, но како што изјавија, тоа не е едноставен процес. 

„Тоа не беше разговор за претопување како што се ширеше во медиумите, туку за формирање целосно нов конкурентен политички субјект, што произлегува од искуствата од соседството. Во него би влегле и партии на помалите етнички заедници и други опозициски сили.
Прашање е дали е созреано времето за тоа“ - вели Петковски за соросовиот Фокус.

Интересно е што изјавата на Петковски доаѓа по скандалозниот демант од неговата партија, по информациите кои ги објави Press24. Од НСДП, нашите новинари ги нарекуваа со погрдни зборови само поради тоа што беше објавена инфорамција добиена од релевантен извор во највисокото раководство на СДСМ.
По помалку од една недела, нашите инфорамции добија официјална потврда од лидерот на партијата Тито Петковски што отвора дилема, колку држат соопштенијата на НСДП?

СДСМ иако директно никогаш не демантираше, сепак преку  медиумите кои се уредуваат на Бихаќка протна став дека информациите на Press24 не се точни. Сепак, потврдата стигна од лидерот Заев.

„Точно е дека имаше обид за спојување со НСДП, но за такви работи некогаш треба време“ - изјави Заев за Фокус.

Press24 уште минатата недела напиша дека партиите договараат спојување, а за да омекнат во НСДП, Заев им доделува тендер во општина Центар вреден половина милион евра. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОТКРИВАМЕ: Колку чини претопувањето на НСДП во СДСМ

ЕКСКЛУЗИВНО: Заев бара техничка влада за фер избори а аминува фалсификат избори во својата партија

Тито Петковски на итен состанок со пратениците на НСДП - враќање во Собранието?

Опозициските пратеници се враќаат во Собрание - му откажаа љубов на Заев поради 500.000 евра?

20.10.2014 - 14:42


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега