ФОТО: Големо албанско знаме на мечот во Тетово, Вардар води со 2:0

Иако ФФМ предупреди и најави дека ќе го прекинува мечот за секој националистички испад, навивачите на Шкендија, познатите „Балисти“ со големо албанско знаме и скандирања за Голема Албанија и Илирида го одбележаа стартот на мечот, јавува Спортмедиа.

ФФМ со соопштение уште завчера предупреди дека нема да дозволи на дерби дуелот во рамките од 11 коло од Македонската Прва фудбалска лига меѓу Шкендија и Вардар да добие сценарио како инцидентите во Белград.

По 25 минути игра, Шкендија губи со 2:0 од Вардар. Домаќините останаа и со фудбалер помалку, откако во 25-та минута црвен картон добиИван Митров.

19.10.2014 - 15:04


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега