ФОТО: Кој е човекот на парадата во Белград веднаш до Вучиќ?

Покрај премиерот Вучиќ, во првиот ред на централната бина, на воената парада во Белград,  стоеше еден симпатичен дедо, за кои многумина прашуваа кој е, пишуваат српските медиуми.

Станува збор за Стево Опачиќ (91) од Книн, народен херој на Југославија. Опачиќ потекнува од сиромашно семејство од Книн, од каде заминал за Белград.

Учестувал во партизаните и борба со Германците неколку пати бил ранен. Се истакнал во борбите за ослободување на Книн. По војната, завршил гимназија и Правен факултет во Белград.

Денеска живее во Белград. Одликуван е со орден народен херој.

18.10.2014 - 10:35


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега