Српскиот премиер доживеал сообраќајна несреќа

 

Автомобил „Шкода суперб“ со полна брзина вчера попладне налета на возило „Ауди“ од колоната на премиерот Александар Вучиќ во Белград, јави денеска Танјуг.

Српскиот премиер не е повреден. Истрагата за инцидентот е во тек.

Возилото „Шкода суперб“ е во сопственост на Управата за заеднички работи на Владата на Србија, а возачот е таму вработен.

За време на несреќата улицата по која поминувала колоната била под посебно полициско обезбедување бидејќи претходно било најавено поминувањето на премиерот Вучиќ. Во текот на судирот на улицата биле распоредени седум припадници на сообраќајната полиција.

18.10.2014 - 10:09


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега