Турскиот премиер Ердоган конечно се врати во Турција
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја заврши својата посета на земјите од Северна Африка и доцна синоќа се врати во Турција. Ердоган на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул беше пречекан од голем број негови приврзаници.
- Останавме сили, но никогаш нема да бидеме инаетливи. Ние сме заедно, ние сме единствени, ние сме браќа, рече Ердоган пред десетиците илјади симпатизери на неговата Партија на правдата и развојот.
Турскиот премиер повика за итно ставање крај на антивладините протести, кои траат веќе една недела.
- Повикувам за ставање крај на демонстрациите, кои го загубија демократскиот карактер и се претворија во вандализам, проследен со разурнувања на објекти и кражби во продавници, изјави Ердоган.
Исто така, турскиот премиер даде уверување дека сите тврдења за прекумерна употреба на сила од страна на полицијата врз демонстрантите се истражуваат.