Непознати напаѓачи пред муслиманскиот центар во Атина поставиле свинска глава

Пред муслиманскиот центар во Атина непознати напаѓачи денеска ставиле отсечена свинска глава и напишале антимуслимански пароли, соопшти грчката полиција.

Како што пренесуваат американските медиуми, за овој испад, извршен денеска пред зградата што се користи како молитвен центар од страна на муслиманите, нема приведени лица .

Напаѓачите, на тротоарот пред зградата на центарот, со спреј напишале навредлива парола против исламот и на вратата исцртале крст.

Сквернавењето на зградата било забележано прво од муслимани, кои во зградата отишле за петочна молитва.

Во последните години во Грција се зголемија антиеврејките и антимуслимански појави.

17.10.2014 - 17:28


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега