Пронајдено телото на исчезнатата актерка

Откако исчезна пред речиси 10 дена, конечно е пронајдено телото на 32-годишната актерка Мисти Апхам, која се појавува во филмовите „Django Unchained“ и „August: Osage County“. Нејзиното тело е пронајдено покрај реката „White River“ во Вашингтон. Иако телото сѐ уште службено не е идентификувано пронајдена е торба со нејзините лични документи.

Актерката која страдаше од биполарно пореметување, последен пат е видена кога го напуштила станот на сестра си во Сиетл.

Апхам пред некое време престанала да ги зима лековите, изјавил нејзиниот татко за кој се грижела поради проблемите со срцето.

 

17.10.2014 - 16:56


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега