Не излегувајте без чадор - и денеска пороен дожд и грмежи
Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи, засилен ветер и услови за град.
Температурата ќе се движи од 17 до 30 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови.
Температурата до 26 степени.