Панчевски за Press24: Со Неделкова водиме битка за просперитет и успех

Нема војна за лични интереси меѓу претседателите на Кривичниот и Врховниот суд вели во изјава за Пресс24 првиот човек на Основниот Суд Скопје 1, судијата Владимир Панчевски.

„Не се работи за никаква наводна битка и нејасно ми е во чии глави се размислува за такво нешто. Битката на претседателите на судовите е за просперитет и успех на самото судство и за ништо друго. Впрочем ние сме само персонални решенија со одреден мандат, секој избран врз основа на одредена програма која што ја реализира во самиот суд во кој постапува и за кој е надлежен. Затоа и не може да се замисли за битка во никаква друга смисла. Очигледно се работи за нечие непознавање на новата кривична постапка. Затоа овие написи не би ги коментирал бидејќи се работи за бледо толкување на целата ситуација без конкретно повикување на законски одредби“, вели Панчевски.

Судот се најде во фиокусот на јавноста особено по минатонеделното приведување на речиси сите судии од прекршочниот оддел поради сомневање за несовесно работење. Панчевски вели дека тоа не предизвикува застој и состојбата е соодветно менаџирана.

„Во врска со последните случување во судот, согласно новиот ЗКП истрагата ја води обвинителството и тие се надлежни за сите други активности кои ќе се преземат во врска со случајот, додека, пак, за работата на Одделот за прекршоци како што претходно информиравме засега тој функционира со 4 судии, а Основниот суд Скопје 1 – Скопје веќе има поднесено барање до Судскиот совет на РМ  врмено да ни делегираат нови судии кои што ќе работат во Одделот за прекршоци и во меѓувреме чекаме одговор од советот. Дотогаш овие предмети ќе ги работат преостаните суди и нема да дозволиме било каков застој во работата“, вели панчевскиз а Пресс24.

17.10.2014 - 12:32
Фото: 
Академик.мк


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега